Vrabotuvanje.com - Две балкански земји се најдоа на листата најбезбедни за соло патници
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Две балкански земји се најдоа на листата најбезбедни за соло патници

Најбезбедни земји за оние кои сакаат да патуваат сами се Јапонија, Хрватска, Словенија и Швајцарија.

Две балкански земји се најдоа на листата најбезбедни за соло патници

Компанијата за складирање багаж Bounce направи анализа за да види кои се најдобрите и најбезбедните земји за соло патници. Јапонија е најбезбедната за патување доколку патувате сами. Благодарение на многу ниската стапка на криминал, градовите како Токио и Осака им дозволуваат на патниците да се чувствуваат како дома, пишува Readersdigest. Јапонија има оценка 76,9 од 100. По Јапонија, следните три најбезбедни земји за оние кои патуваат сами се Швајцарија, Словенија и Хрватска. 

Доколку храната е приоритет на вашето патување, се препорачува да одите во Сингапур. Оваа земја има и највисоки температури во текот на годината.

За најпристапни цени, како идеални опции се издвоија Непал и Шри Ланка. Непал има најевтино сместување во хостел во просек, а Шри Ланка има најниска просечна цена на јавниот превоз, пренесува N1 Загреб.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje