Vrabotuvanje.com - Кралската дадилка Марија заработува плата од 10.000 долари
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Кралската дадилка Марија заработува плата од 10.000 долари

Секако не е лесно да се биде мајка, тоа добро го знае и војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, а еве како живее жената која и помага во грижата околу Џорџ, Шарлот и малиот Луј

Кралската дадилка Марија заработува плата од 10.000 долари

Покрај тоа што се грижи за децата дадилката мора да ја пере облеката да ги шета кучињата и да подготвува органска храна.

Овие работи сега ги извршува Шпанката Марија Тереза Борало , која им помага на родителите, принцот Вилијам и војвотката Кејт.

Својот приватен живот Марија го посветила на работата за која добива месечна плата од 9400 евра. Дадилката марија ќе го чува детето и на Меган Маркл и принцот Хари кои пред неколку дена објавија дека ќе станат родители.

Децата од кралското семејство до 2014 година ги чуваше Џеси Веб, која им била дадилка и на принцовите Хари и Вилијам. Сега Џеси е во пензија а по големата безбедносна проверка и контрола нејзина замена стана Шпанката Марија Тереза.

Дадилката инаку живее заедно со кралското семејство  и мора да биде достапна за работа во сите 24 часа од денот за потребите на децата.

Засега живее со Вилијам и Кејт во нивниот апартман има свој одвоен дел од куќата и нема проблем со приватноста.

Како и останатите дадаилки и Марија не е во брак се дружи со аристократијата и постои непишано правило сите да ја нарекуваат „госпоѓа“  од почит.

Има свој посебен код на облекување, а од накит смее да носи само дискретни обетки и нараквица.

Поради тоа што безбедноста на децата е на прво место дадилките мора да одат и на часови за самоодбрана, а покрај тоа мора да бидат и полиглоти. Покрај тоа мора да бидат добри возачи и пливачи.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje