Лежалка на оваа плажа во Црна Гора чини 200 евра
Од денеска е отворен хотелскиот ресорт „Aman Sveti Stefan“ во Црна Гора, а објавени се и некои детали од Кралските плажи.
Имено, од 14 јули како хотелски капацитет работи вилата „Miločer“, за чии гости е резервирана Kraljičina plaža, односно плажата на Кралиата. На Kraljevа plažа, односно Кралска плажа, можат да одат и други посетители, но само доколку платат 200 евра за лежалки, пишува црногорскиот Vijesti.
Како што е веќе познато, островот Свети Стефан по две години е отворен за туристички тури. Влезот за возрасни чини 25 евра, додека за деца до 12 години е бесплатен.
Како што најавија од „Aman“, до крајот на летната сезона посетителите ќе имаат можност да изберат еден од шесте датуми за обиколка на островот со водич по наведената цена. Сепак, туристите генерално не се информирани за турите.
Во текот на изминатите години жителите на Свети Стефан протестираа против забраната за пристап до плажата на Кралицата, па закупецот Sveca Adriatik Propertis го затвори одморалиштето, а во меѓувреме заедно со владата најдоа заеднички јазик.
Извор: faktor.mk