Највисоката средна годишна плата во 2022 година изнесуваше 414.015 долари и беше исплатена во Vici Properties, фонд за инвестиции во недвижности со седиште во Њујорк.
Технолошките компании се исто така високо оценети во овој сегмент, пишува ICT Business.
На пример, Meta Platforms, која е сопственик на Facebook, наводно им плаќала на вработените просечна плата од околу 300.000 долари. Алфабет, кој е сопственик на гигантот Гугл, е малку понизок со просечна плата од 280.000 долари.
Општо земено, платите на вработените се подобри во индустриите како што се технологијата, медиумите и забавата и енергијата. Соодветно на тоа, најниски просечни годишни плати имаат секторите производи за широка потрошувачка и малопродажба, покажуваат достапните информации.
Извор: faktor.mk