Vrabotuvanje.com - Опел дава бонус до 8.000 евра за сопствениците на стари дизели, но има еден услов
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Опел дава бонус до 8.000 евра за сопствениците на стари дизели, но има еден услов

Компанијата верува дека ова ќе ги тргне дизел возилата од улиците, а воедно ќе ја зголеми продажбата на новите модели

Опел дава бонус до 8.000 евра за сопствениците на стари дизели, но има еден услов

Опел им нуди на купувачите во Германија бонус до 8.000 евра доколку сакаат да се ослободат од своето старо дизел возило.

На овој начин, купувачите ќе може да изберат нов автомобил или малку користен од возилата што ги користи за тестирање или демонстрација со дополнителна гаранција од две години.

Шанса да го добијат овој т.н. Opel Environment Bonus имаат сопствениците на постари дизел модели со Еуро 1 до Еуро 4 стандард за емисија на штетни материи.

Условот е да го продадат своето старо возило, кое подоцна ќе биде уништено. Шанса за бонус имаат и сопствениците на дизел возила со Еуро 5, но само доколку живеат во загадените германски градови Минхен, Штутгарт, Келн и Хамбург.

Слични акции во иднина може да очекуваме од Ауди, Сеат, Порше, Рено, Мерцедес и Фолксваген.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje