Vrabotuvanje.com - Ако шефот ве казнува поради објава на Х, Илон Маск ќе ви ги плати правните трошоци
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Ако шефот ве казнува поради објава на Х, Илон Маск ќе ви ги плати правните трошоци

Сопственикот на платформата X, Илон Маск, планира да ги покрие правните трошоци на сите корисници со кои работодавците се однесувале неправедно поради некоја објава или коментар на социјалната мрежа претходно позната како Twitter.

Ако шефот ве казнува поради објава на Х, Илон Маск ќе ви ги плати правните трошоци

„Ако сте биле неправедно третирани од страна на вашиот работодавец поради објава или коментар на оваа платформа, ние ќе ги финансираме вашите правни трошоци“ објави Маск на X и додаде дека нема да има ограничувања во финансирањето на сметките.

Маск на крајот на јули рече дека месечните корисници на платформата X достигнале нов максимум и сподели графикон на кој се гледа дека последната бројка надминала 540 милиони корисници.

Таа бројка доаѓа во момент кога компанијата поминува низ организациски промени и настојува да ги зголеми приходите од огласување, кои моментално паѓаат.

Маск минатиот месец го преименуваше Twitter во X и го претстави новото лого со кое ја замени „сината птица“, која постоеше 17 години. Сепак, на почетокот на јули објавија дека и понатаму се во минус поради речиси 50% пад на приходите од огласување и големите долгови.

Извор: inovativnost.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje