Vrabotuvanje.com - Колку пари троши Германија за да се одржува Ангела Меркел?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Колку пари троши Германија за да се одржува Ангела Меркел?

Иако Ангела Меркел долго време не ја извршува функцијата канцелар на Германија, државата продолжува да финансира голем дел од трошоците на поранешната лидерка на земјата.

Колку пари троши Германија за да се одржува Ангела Меркел?
Германскиот весник Tagesspiegel објави податоци за тоа колку пари одвојува сојузната влада на Германија за поранешни функционери кои, според законот, имаат право на одредени бенефиции и по завршувањето на мандатот.
 
Така, откако Ангела Меркел ја напушти функцијата, германската влада потрошила 55.000 евра за нејзините трошоци поврзани со козметика и коса.
 
„Трошоците за овие услуги лани изнесуваа 37.780 евра. Во 2023 година Владата досега требаше да одвои 17.200 евра. Тоа во суштина значи дека месечно се издвојуваат околу 3.000 евра за добриот изглед на поранешната канцеларка. Во оваа сума влегува и патните трошоци и хотелот доколку стилистот ја придружува Меркел на состаноци“, пишува Tagesspiegel.
 
Федералната влада првично одби да ги открие трошоците, повикувајќи се на приватност и трговски тајни.
 
Здружението на даночни обврзници на Германија неколку пати ги критикуваше сè поголемите средства од буџетот за поранешни функционери.
 
„Тешко беше да им се пренесе на граѓаните информацијата дека се платени козметичарите и фризерите на политичарите. Трошоците за тоа треба да се сведат на минимум и да се плаќаат од приватни џебови“, рече претседателот на здружението, Рајнер Холзнагел.
 
Германскиот весник се занимаваше и со другите трошоци на Ангела Меркел, кои се финансираат од буџетот. Така, беше објавена информацијата дека Меркел согласно законот и службените должности вработува девет лица во својот кабинет и дека поседува службен автомобил.
 
Само персоналот чини неколку стотици илјади евра годишно, а дополнителен трошок се патните трошоци“, се наведува во текстот.
 
Извор: kajgana.com
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje