Vrabotuvanje.com - Заработуваат ли вашите колеги повеќе од вас? Еве како да дознаете!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Заработуваат ли вашите колеги повеќе од вас? Еве како да дознаете!

Најдете го одговорот на ова незгодно прашање на платформата MojaPlata.mk

Заработуваат ли вашите колеги повеќе од вас? Еве како да дознаете!

Отворените дискусии за платата со членовите на семејството и пријателите, но сè почесто со колегите од работа, станаа вообичаени. Сите работиме за плата, живееме од неа и често размислуваме и зборуваме на оваа тема.

Но, малкумина навистина знаат како нивната плата котира во споредба со колегите кои ја вршат истата работа. Без разлика дали овие луѓе се вработени во „нашата“ или во некоја друга компанија.

За среќа, услугата Моја Плата нуди одговори, а притоа доста дискретни и конкретни!

Моја Плата е единственото онлајн истражување во Македонија кое ги следи износите на платите за повеќе од 700 работни места од сите индустрии, а моментално се активни дури 23.000 испитаници.

Покрај тоа што го споредуваме износот на месечните примања по работни позиции, податоците од MojaPlata ни помагаат да се подготвиме за претстојното интервју за работа и ни овозможуваат да дадеме едноставен одговор на тоа што за многумина е комплицирано и страшно прашање - колкава е платата што ја очекуваш?

Без разлика дали барате нова работа или барате покачување, проценете како и дали сте усогласени со другите на слична или иста работна позиција. Користете ја нашата бесплатна онлајн проверка на плата уште денес!

До податоците од истражувањето може да се пристапи во секое време, а дополнителни информации може да се најдат на mojaplata.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje