Vrabotuvanje.com - По елиминацијата на Светско, скопјанецот Влатко Андоновски не е веќе селектор на женската фудбалска репрезентација на САД
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

По елиминацијата на Светско, скопјанецот Влатко Андоновски не е веќе селектор на женската фудбалска репрезентација на САД

По елиминацијата на Светско, скопјанецот Влатко Андоновски не е веќе селектор на женската фудбалска репрезентација на САД
Селекторот на женската фудбалска репрезентација на САД Влатко Андоновски поднесе оставка, јави „Асошиетед прес“. Македонецот ја напушти функцијата поради раната елиминација на САД на Светското првенство кое се игра во моментов.
 
Американките ја бранеа титулата на Мундијалот, а во Австралија и Нов Зеланд беа елиминирани во осминафиналето, порано од кога било досега. Во групата го победија Виетнам и одиграа нерешено со Холандија и Португалија, по што се пласираа во нокаут фазата.
 
Никогаш досеа не завршиле полошо од трето место на Светското првенство. Четириесет и шестгодишниот Андоновски беше именуван за селектор на САД во октомври 2019 година. Под негово водство Американките остварија 51 победа, пет нерешени и девет загубени натпревари.

 

Извор: info.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje