Мет Хигинс, американски бизнисмен и директор на инвестициската компанија RSE Ventures, откри кое прашање никогаш не треба да го поставувате на интервју за работа.
Американски бизнисмен откри кoe прашање никогаш не треба да го поставувате на интервју за работа
На интервју за работа вие сте оној што одговара на прашања, но секогаш работодавците на крајот ве прашуваат дали вие имате некое прашање за нив. Ако интервјуто ви било одлично до тој момент, токму тука може да си постигнете автогол.
„Ако барате работа, еве еден совет што веројатно нема да го слушнете од никој друг. Никогаш не прашувајте работодавач за политиката на компанијата за работа од далечина“, советува Хигинс.
Додаде дека одредени прашања што ги поставувате може да создадат одредена перцепција која може да биде пресудна за тоа дали ќе се вработите или не.
„Без разлика дали е фер или не, некои менаџери прашањата за работа од далечина ќе ги сфатат како да поставувате погрешни приоритети. Дури и за мене, тоа е веднаш аларм за узбуна“, вели тој.
Кога работодавецот ќе наиде на кандидат кој е подготвен да започне со работа што е можно поскоро, логично е да му дадат приоритет иако можеби вие имате поголемо искуство.
Извор: kajgana.com