Vrabotuvanje.com - Потребни се 15 КОМЕРЦИЈАЛИСТИ, со минимум СРЕДНО: ПЛАТА до 36.000 денари
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Потребни се 15 КОМЕРЦИЈАЛИСТИ, со минимум СРЕДНО: ПЛАТА до 36.000 денари

Потребни се 15 КОМЕРЦИЈАЛИСТИ, со минимум СРЕДНО: ПЛАТА до 36.000 денари
Киси Логистик КС е дистрибутер на прехрамбени прозводи за широка потрошувачка, искусен професионалeн тим, силна визија и добра стратегија за задоволување на потребите на крајните потрошувачи.
 
Нашиот искусен и професионален тим е подготвен да одговори на секое барање за квалитетна дистрибуција до секое продажно место. Како компанија градиме стабилна дистрибутивна мрежа, соодветен асортиман и добро опремен магацински простор заедно со широк возен парк.
 
Силната визија и напорната работа придонесоа нашата компанија да расте и да претставува пример за сериозна компанија. Клучниот фактор за нашиот растеж е тоа што секогаш сме фокусирани на нашите клиенти.
 
За подетални информации за нашите брендови, прочитајте на нашата веб страна:
 
Поради зголемување на своето портфолио и зголемениот број на купувачи имаме потреба од​:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ

РЕОНИ: СКОПЈЕ-2, ТЕТОВО-1, ГОСТИВАР-1, КИЧЕВО-1, СТРУГА-1, ОХРИД-1, БИТОЛА-1, ПРИЛЕП-1, КАВАДАРЦИ-1, ШТИП-1, СТРУМИЦА-1, КОЧАНИ-1, КУМАНОВО-2

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

  • Возило,
  • Мобилен,
  • Уред за порачки,
  • Работна униформа (dress code)

РАБОТНО ВРЕМЕ: Понеделник до петок

ОБРАЗОВАНИЕ: Минимум ССС (пожелно е економска насока и за предност ќе се смета  маркетинг менаџмент)

ВЕШТИНИ:

  • Работа со Microsoft Office (посебно со Excel)
  • Aнглиски јазик, албански ќе се смета за предност
  • Тимски работа
  • Натпеварувачки дух, самоиницијативност, одговорност, дисциплинираност, комуникативност
  • Насоченост кон решавање на проблеми и приговори од купувачи

ИСКУСТВО:

  • Пожелно е да има минимум 2 год работно искуство како класичен комерцијалист
  • Да има добри стекнати релации со купувачите од одредениот географски регион 
  • Предност имаат и лица со искуство во продажба во сегментот на млечни и месни категории како и познавање на продажбата на маслинки

ВОЗРАСТ: се преферира возраста да не е поголема од 35 год.

ПЛАТА: почетна за Јуниор комерцијалист за првите 3 месеци е 18.000ден, потоа е 20.000 ден.

БОНУС: месечен - 16.000ден, плус додатни бонуси од продажбата на дополнителни таргети за нови купувачи, зголемување на нумеричка дистрибуција итн.

ТОТАЛ нето ПЛАТА со бонус: 36.000ден. 

КОМПАНИСКИ ОБУКИ: Лицата кои ќе бидат примени ќе имаат во понатамошното работење, можности за надоградба преку учество на компаниски тренинзи.

Можност за напредок во продажната хиерархија.

ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje