Vrabotuvanje.com - Откриен подземен свет на 180 метри под површината на земјата
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Откриен подземен свет на 180 метри под површината на земјата

Во Кина е откриен голем прастар шумски свет сместен длабоко под површината на земјата, поточно 180 метри во голема јама. Овој феномен е познат во Кина како тианкенг или рајска јама.

Откриен подземен свет на 180 метри под површината на земјата

Подрачјето во коешто е откриена оваа шумска област е глобалниот геопарк на УНЕСКО, Леје Фенгшан, сместен во автономниот регион Гуанџи Жуанг, во југозападна Кина. Овој геопарк исто така е познат по своите пештери и е дома на најдолгиот природен мост во светот.

The Geopark is described on the UNESCO website as 'primarily sedimentary with more than 60% of 3000m thick Devonian to Permian carbonate rocks'

Истражувачите веруваат дека оваа прастара шума може да сокрива досега непознати растителни и животински врсти. Големите вдлабнатини, кои се слични на ова откритие, не се реткост на овие делови на Кина.

Дупката е долга 306 метри, широка 150 метри и длабока 192 метри, а обемот надминува 5 милиони кубни метри, што значи дека официјално може да се категоризира како голема населба.

The underground mystery was stumbled upon in a Chinese 'Geopark' by a cave exploration team of scientists, in May last year

Густата сенка на билките достигнува до рамена, а древните стебла кои растат таму се високи речиси 40 метри и се стари повеќе стотини години, додека самата шума веројатно е стара неколку милиони години.

Извор: inovativnost.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje