Vrabotuvanje.com - „Тетрис семафор“ во Барселона кој има дури 16 екрани предизвикува целосен хаос во сообраќајот
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

„Тетрис семафор“ во Барселона кој има дури 16 екрани предизвикува целосен хаос во сообраќајот

Семафорите за велосипедисти поставени во Барселона предизвикуваат вистински хаос во сообраќајот, што и не е некое изненадување кога ќе погледнете како изгледа еден од нив.

„Тетрис семафор“ во Барселона кој има дури 16 екрани предизвикува целосен хаос во сообраќајот

Таканаречениот „Тетрис семафор“ има дури 16 екрани, а осмислен е за да го олесни движењето на велосипедистите. Меѓутоа, тој има целосно спротивен ефект.

Семафорот има 8 екрани кои покажуваат кога велосипедистите можат да свртат лево, да продолжат право или да свртат десно. Тоа начелно делува одлично, но бројните различни светла и стрелки потполно ги збунуваат велосипедистите, но и сите останати учесници во сообраќајот.

Проблемот се јавува на раскрсница на две двонасочни велосипедски патеки бидејќи семафорот тогаш нема 8, туку 16 екрани кои треба да го регулираат сообраќајот.

Кој и кога мора да запре, кој треба да сврти лево или десно или пак да продолжи право? А дури кога ќе се појави жолто светло и треба да се тргне, но и да се пропуштат пешаците ако се во близина...

И покрај бројните поплаки, градските власти не гледаат проблем во ваквите семафори и им порачуваат на велосипедистите дека треба само да се навикнат на нив.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje