Vrabotuvanje.com - До 2035 година во Германија нема да има работа без вештачка интелигенција
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

До 2035 година во Германија нема да има работа без вештачка интелигенција

Најдоцна до 2035 година во Германија нема да има работно место каде што не се користи вештачка интелигенција, оцени министерот за труд Хубертус Хајл. Владата финансиски и законски ќе ја поддржи употребата на вештачка интелигенција, потврди министерот.

До 2035 година во Германија нема да има работа без вештачка интелигенција

Додека сите зборуваат за развој на нова технологија, уште од појавувањето на четботот (ChatGPT), многумина се прашуваат „што ќе биде со мојата работа во новинарството, канцеларијата, администрацијата“, изјави министерот во Берлин, пишува ДПА.

Работата, посочи, нема да исчезне, туку ќе се менува.

„Кога добро се користи, вештачката интелигенција може да го направи светот на работата похуман, на пример со спречување на несреќи при работа“, рече Хејл.

Меѓутоа, политичарите не треба да замижуваат пред опасностите од злоупотреба на технологиите, на пример, за трудова експлоатација, „човечко угнетување и целосен надзор“. Онаму каде што ризиците се високи, потребно е да се воведат цврсти правила, нагласи министерот.

Сè на се, очекувањата на Хејл се позитивни, а централно прашање е довербата, рече тој, најавувајќи дека министерствата за труд и полиција ќе ги утврдат клучните точки за заштита на податоците на вработените.

Извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje