Vrabotuvanje.com - Прекинат бојкотот на машиновозачите, патничкиот железнички сообраќај стартува од вторник
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Прекинат бојкотот на машиновозачите, патничкиот железнички сообраќај стартува од вторник

Товарниот железнички сообраќај да биде во функциија од вечерва, а патничкиот од вторник следната недела, договориле денеска машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт и раководството на претпријатието.

Прекинат бојкотот на машиновозачите, патничкиот железнички сообраќај стартува од вторник

Тони Димовски, претставник на машиновозачите изјави дека е постигнат договор за прекин бојкотот што го почнаа на 25. минатиот месец со барање за исплата на вториот дел од платата за јули, како и за редовност во исплата, што е честа причина за бојкоти во железничкото претпријатие.

– Бојкотот е прекинат бидејќи во преговорите со менаџерскиот тим е постигнат позитивен договор. Ќе бидат повлечени суспензиите за колегите и нема да има ниту една санкција, вели Димовски.

Машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт, го почна бојкотот поради неисплатениот втор дел од платата за јули годинава.

Од стартот на бојкотот не сообраќаа ниту патничките ниту товарните возови.

Извор: a1on.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje