Vrabotuvanje.com - До „Бехтел и Енка“ стигнале само 360 сивија за 2.000 работни места, а ќе требаат 8.000 работници
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

До „Бехтел и Енка“ стигнале само 360 сивија за 2.000 работни места, а ќе требаат 8.000 работници

По повод официјалниот почеток на градежните активности на делницата Прилеп – Битола како дел од Коридорот 10д, надлежните оцениле дека е мал бројот на македонски граѓани кои до сега аплицирале за вработување во конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на патните коридори во земјава.

До „Бехтел и Енка“ стигнале само 360 сивија за 2.000 работни места, а ќе требаат 8.000 работници

„’Бехтел и Енка’ во моментов разгледуваат 360 сивија од македонски граѓани од сите различни профили. И тоа е малку, бидејќи во моментов на конзорциумот му се потребни 2.000 работници“, Планот е да се организираат саеми за вработување за да се најдат работници.

 До сега саеми за вработување се одржаа во Тетово, Гостивар и во Битола.Вакви саеми ќе бидат организирани и во други градови од државата со цел да бидат пополнат позициите.

Во текот на продолжување на градбата на автопатските делници, потребата од работници ќе се искачи до 8.000 работници на патните правци кои што ги работи „Бехтел и Енка“.

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje