Vrabotuvanje.com - Тетовци ќе плаќаат казни – 250 евра глоба ако не пуштиш пешак на пешачки премин
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Тетовци ќе плаќаат казни – 250 евра глоба ако не пуштиш пешак на пешачки премин

МВР информира дека на 18.09.2023 во приодот од 10.00 до 15.00 часот на тетовското подрачје била спроведена акциска контрола на возачите и нивниот однос кон пешаците.

Тетовци ќе плаќаат казни – 250 евра глоба ако не пуштиш пешак на пешачки премин

При контролата, откриен и санкциониран бил 21 прекршок, односно исто толку возачи не им дале предност и не ги пропуштиле пешаците, најмногу на обележани пешачки премини.

На сите возачи-прекршители им биле изготвени поднесоци со парична глоба која за овој вид прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движи од 200 до 250 евра во денарска противвредност, а за тие со изречена глоба од 250 евра, предвидена е и заштитна мерка-времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.

Покрај ова, санкционирани се и 12 други видови сообраќајни прекршоци.

Извор: fokus.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje