Работничките синдкати кои ги претставуваат вработените во компанијата „Епл“ во Франција ќе штрајкуваат во наредните два дена (22 и 23 септември). Овој потег е најавен од синдикатот ЦГТ, и како што пренесува „Ројтерс“, вработените во „Епл“ бараат повисоки плати и подобри услови за работа.
„Менаџментот на компанијата реши да ги игнорира нашите сосема легитимни барања и интереси. Поради тоа, четирите синдкати на компанијата Епл ритеил Франс организираа штрајк за 22 и 23 септември“, се наведува во соопштението од синдикатот ЦГТ објавено на соцјалната мрежа Х (Твитер).
Синдикатите барале зголемување на платите од седум насто за сите вработени, како би можеле да ги покријат трошоците предизвикани од инфлацијата. Но, од компанијата понудиле само 4,5 проценти.
Неодамна „Епл“ го претстави својот најнов ајфон 15. Штрајкот на вработените се совпаѓа со денот кога овој модел ќе биде пуштен во продажба. Последниот ваков производ на „Епл“ има нова титаниумска рамка, побрз процесор и подобри можности за играње на видео-игрите. Но, како што се наведува, најголемото изненадување претставува тоа што новот iPhone 15 доаѓа со стара цена. Односно ќе чини како и постарите модели.
Извор: pari.com.mk