Vrabotuvanje.com - Во летната сезона во Дојран се остварени околу 100 илјади ноќевања
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Во летната сезона во Дојран се остварени околу 100 илјади ноќевања

– На крајот на оваа туристичка сезона се остварени околу 100 илјади ноќевања, но точниот број не може да се утрврди бидејќи наплатата на туристичката такса не е целосно реализирана зашто таа е показател за точниот број на туристите, смета градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

Во летната сезона во Дојран се остварени околу 100 илјади ноќевања

Општината е задоволна од посетеноста на Дојран, но како општина се стремат за развој на туризмот преку целата година.

-За таа цел презедовме низа мерки како што се санација на стари објекти со кои се збогатува туристичката понуда и привлекување на туристи надвор од летната сезона. Овие денови заедно со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион реализиравме проект за набавка на 20 електрични велосипеди, смарт табли и други активности кои ќе значат промоција и посета на Фронтовската линија од Првата светска војна за да станеме поатрактивни. Формиравме и ново претпријатие кое ќе организира тури до Фронтовската линија и првпат ќе се посетуваат Турската бања и Саат-кулата кои се историски споменции и се обновени по 115 години од нивното разурнување, вели Ангов.

За зголемувањето на наплатата на туристичката такса, Општината организирала повеќе настани на кои на туристичките работници и издавачите на соби им било укажано дека со собирањето на овие средства се збогатува туристичката понуда и тие средства повторно се враќаат.

Ангов смета дека и покрај тоа не е подигната свеста за плаќање на туристичката такса. Најавува дека во наредниот период ќе се засилат контролите за да може да се собира туристичката такса. 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje