Vrabotuvanje.com - Десетици илјади млади луѓе нема да се вклучат на пазарот на труд, бидејќи се надвор од државата!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Десетици илјади млади луѓе нема да се вклучат на пазарот на труд, бидејќи се надвор од државата!

Десетици илјади млади луѓе нема да се вклучат на пазарот на труд, бидејќи се надвор од државата!

Во 2009 година, имало 129 000 млади вработени, денеска оваа бројка е 111 000 млади вработени. Односно, има 18 000 помалку млади вработени. Бројот на неактивни млади паккои не бараат работа, од кои дел студираат или учат се намалува за 50 000. Со овие статистики Јована која работи заедно со истражувачите во Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, го отвори поткастот  „Што го врти светот„ со гостинот Дарко Велков,  основач на  vrabotuvanje.com.

– Младите не се во државава. Толку е. Многу индустрии нема да преживеат во следните 5 години. Можеби не е таков форматот и треба да бидеме по релаксирани, но тоа е реалноста. Да го земеме рударството, таму просек на вработени е 55 години. Тоа е една од побитните гранки во државата. Никој млад не сака да работи во градежништво, или во земјоделие. Кој млад сака да вози трактор? Повеќето би работеле на лап-топ или во канцеларија. – вели Дарко Велков, кој активно го следи пазарот на труд во Македонија од 2003 година, кога го лансира својот бизнис за дигитално посредување при вработување.

Во „Што го врти светот“ соговорниците ја истакнуваат потребата младите да бидат активни, но и државата да создава се повеќе механизми со кои ќе ги поттикне младите да се активираат. Секако, и приватниот сектор треба да се вклучи со понуда на подобри и поатрактивни работни места.

Беа истакнати и можностите за пракса кои денеска им се нудат на младите. Велков, истакна дека најголем дел од вработените и менаџерите во неговата компанија почнале со пракса. А денеска младите имаат можност за платена пракса од 12 000 денари, која би им дала можност да научат преку работа, но и да откријат во која област се пронаоѓаат. Секако, средното стручно образование може да обезбеди подобар кадар за компаниите, но според Велков тоа сеуште не е доволно атрактивно и покрај фактот што е значително унапредено во последните години.

Целата епизода на „Што го врти светот“ со Дарко Велков, можете да ја погледнете на:

 Поткастот „Што го врти светот“ може да го следите на социјалните медиуми и да го слушате на YouTube и Spotify секој четврток во 20 часот.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje