Vrabotuvanje.com - Оваа држава воведува еднодневна вињета – Ќе чини 8,60 евра
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Оваа држава воведува еднодневна вињета – Ќе чини 8,60 евра

Оваа држава воведува еднодневна вињета – Ќе чини 8,60 евра

Австрија воведува нова, еднодневна вињета со цена од 8,60 евра за патничките автомобили кои се движат по австриските автопатишта. Одлуката е донесена од австриската влада, која за медиумите образложи дека сака да им излезе во пресрет на бројните гости кои доаѓаат во еднодневна посета на државата. Најчесто од соседството, Германци, Италијанци, Словенци, Унгарци, Словаци, Чеси и други, кои често на кратко ја посетуваат оваа алпска земја, а доаѓаат со своите автомобили. Во моментов, оваа категорија гости мора да ја користи десетдневнтаа вињета која чини 9,90 евра.

За сите што планираат идната година да патуваат во Австрија, важно е и тоа дека цената на годишната вињета за 2024 останува непроменета – 96,40 евра. За разлика од тоа, десетдневната вињета од споменатите 9,90 ќе биде поскапа и ќе изнесува 11,50 евра. Двомесечната вињета, пак, минимално ќе поевтини и од сегашните 29 ќе чини 28,90 евра.

Извор: Pari.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje