Vrabotuvanje.com - Ја делите лозинката со некого? Лоши вести, стриминг гигантот воведува остри мерки
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Ја делите лозинката со некого? Лоши вести, стриминг гигантот воведува остри мерки

Многу платформи за стриминг презедоа нови мерки за да ги спречат корисниците да споделуваат лозинки.

Ја делите лозинката со некого? Лоши вести, стриминг гигантот воведува остри мерки

Нетфликс го прави ова веќе некое време, а сега и Disney+, услуга со 140 милиони претплатници ширум светот, донесе слична одлука.

Минатата година, Disney+ забележа пад на корисниците бидејќи речиси 20 милиони луѓе го откажаа своето членство. Во исто време, компанијата воведе нови планови и ги зголеми цените за некои од нив.

Корисниците во Канада повеќе нема да можат да ги споделуваат своите лозинки и сметки на Disney+ со луѓе надвор од нивното домаќинство, објави „Андроид авторитет“. Корисниците добија мејлови во кои се информираа дека од 1 ноември заедничките сметки ќе бидат ограничени.

Како што рековме претходно, ова е истото што го прави Netflix, што им овозможува на корисниците да плаќаат за дополнителни претплатници кои не живеат во исто домаќинство, иако Disney+ не најави таква функција, па се чини дека имаат малку поостар пристап отколку конкуренцијата.

Мерките засега се најавени само во Канада, а не се знае дали подоцна се планирани и за други земји.

Извор: skopje1.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje