Vrabotuvanje.com - Објавена листата на најпребарувани атракции во светот: Што им е најинтересно на туристите во Македонија?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Објавена листата на најпребарувани атракции во светот: Што им е најинтересно на туристите во Македонија?

Седумте најбарани атракции ги нарекле „новите светски чуда“. „All Clear“ од Велика Британија објавила мапа на светот на која наместо имињата од земјите ги наведува туристичките дестинации за кои туристите од странство најмногу се заинтересирани.

Објавена листата на најпребарувани атракции во светот: Што им е најинтересно на туристите во Македонија?

Мапата е генерирана врз основа на податоци од Википедија, односно оние дестинации кои туристите (моменталните и идните) во една земја најмногу ги пребарувале на оваа онлајн енциклопедија во последните пет години.

Ова е листата:

Таџ Махал (Индија) – 28,601,383 прегледи

Бурџ Калифа (Обединети Арапски Емирати) – 23,423,701 прегледи

Еверест (Непал) – 22,066, 676 прегледи

Статуа на слободата (САД) – 19,851,871 прегледи

Кинески ѕид (Кина) – 17, 405, 607 прегледи

Ајфелова кула (Франција) – 17,316,414 прегледи

Мачу Пикчу (Перу) – 14,229,131 прегледи 

Кога станува збор за Македонија најмногу туристи ќе најдете во Охрид, додека пак во Албанија во Драч, тврдат податоците.

Во Србија туристите на Википедија најмногу го пребарувале храмот Свети Сава, според податоците кои ги доставува оваа страница.

Во Босна и Херцеговина се пребарувал Стариот мост во Мостар, додека пак Црна Гора и Хрватска најмногу внимание привлекувале со природните убавини – Бококоторски залив, односно Плитвичките езера.

Меѓутоа, после Ајфеловата кула во Европа разбирливо е вниманието да го привлече Саграда Фамилија, потоа античката скапоценост Колосеум во Рим и Акрополот во Атина.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje