Vrabotuvanje.com - Со закон ќе мора да се вработи прворангираниот на конкурс?!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Со закон ќе мора да се вработи прворангираниот на конкурс?!

При вработување на наставници, лекари и други кадри во јавниот сектор, ќе мора да биде избран најдобриот кандидат од листата на пријавени. Новиот Закон за вработување во јавен сектор, предложен од Министерството за информатичко општество, со закон ја ограничува можноста, на работа да влезат второ и треторангирани партиски кандидати.

Со закон ќе мора да се вработи прворангираниот на конкурс?!

Ограничувањето на систематизацијата на двапати годишно, пак, треба да ги спречи појавите на специјално креирани систематизации за да се примат на работа лица преку врски.

Со законот за административни службеници, пак, се намалува бројот на членови во дисциплинските комисии од седум на три, се олеснува постапката за полагање на испити,со тоа што ќе можат да се полагаат еднаш неделно, без да се чека на распишан оглас, а се укинуваат и државните советници во администрацијата, како и нивоата на вработени со средно образование. Предвиден е и механизам за заштита од злоупотреби на балансерот.

За да се намали одливот на кадар од јавен во приватен сектор, се дава можност за 30 процентно зголемување на плата, како и до 45 проценти додатоци на плата за вработените активни во работата со ИПА фондовите.

Законите ќе се носат по скратена постапка, со европско знаменце, а министерот очекува да бидат изгласани веќе на владината седница во вторник.

Извор: telma.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje