Vrabotuvanje.com - По три години: До крај на овој месец ќе се пушти за сообраќај десната лента на автопатот Катланово – Петровец
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

По три години: До крај на овој месец ќе се пушти за сообраќај десната лента на автопатот Катланово – Петровец

Десната лента од автопатската делница Катланово – Петровец на Коридорот 10 ќе биде пуштена за сообраќај до крајот на овој месец.

По три години: До крај на овој месец ќе се пушти за сообраќај десната лента на автопатот Катланово – Петровец

Работите се во завршна фаза, денеска се поставуваше завршниот слој на асфалт, а во следниот период ќе се поставува заштитната ограда и сообраќајната сигнализација. Увид во градежните активности денеска извршија министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми. Реконструкција на оваа патна делница започна во септември 2020 година.

Инвестицијата за рехабилитација на автопатската делница во должина од 11 километри изнесува 6,2 милиони евра. Покрај рехабилитацијата, автопатот ќе се прошири и со уште една дополнителна лента за застанување.

-Од денешниот увид се уверивме дека градежните работи се одвиваат со силна динамика. Надзорот и изведувачот не информираа дека десниот коловоз ќе биде завршен за 20-тина дена, со што ќе се постави сигнализацијата и комплетно ќе биде пуштен за сообраќај. Претходно имавме проблеми со слабата реализација, но со изборот на новите изведувачи, сликата комплетно е сменета и оваа делница очекувам комплетно да ја пуштиме за сообраќај до крајот на годината. Ова е многу важна алка од Коридорот 10 бидејќи претставува главна патна врска за граѓаните на Северна Македонија, изјави Бочварски.

ЈП за државни патишта е во постојана координација со надзорот и со изведувачот заради навремено завршување на овој проект, потенцираше Рустеми.

-Со цел да се подигне нивото на безбедноста на учесниците на сообраќајот отпочнавме со рехабилитација на левиот и десниот коловоз кои ќе бидат проширени со уште една лента со што ќе се добие комплетна автопатска делница по сите стандарди. Проширувањето се одвива во внатрешниот зелен појас на автопатот со цел да се избегне дополнителна експропријација. Работите се одвиваат со засилено темпо и очекуваме дека до крајот на годинава како што е предвидено со договорот ќе се испочитува рокот за градба, нагласи директорот Рустеми.

Извор: skopskoeho.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje