Vrabotuvanje.com - Работа во Македонија и странство - Кои компании ќе ги отворат своите врати на Регионалниот онлајн саем за вработување?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Работа во Македонија и странство - Кои компании ќе ги отворат своите врати на Регионалниот онлајн саем за вработување?

Ги регистрираме последните пријави од компании учесници на Најголемиот регионален саем за вработување, кој ќе се одржи од 24-31 октомври 2023 година!

Работа во Македонија и странство - Кои компании ќе ги отворат своите врати на Регионалниот онлајн саем за вработување?

Голем број компании, реномирани работодавачи од Македонија и регионот ја препознаа вредноста од учеството на овој најголем Employer Branding настан и веќе се подготвени за да ги отворат своите врати и да се претстават пред работобарателите во текот на 8-те саемски денови.

Минатогодишното издание на Најголемиот регионален саем за вработување забележа вкупно 521.208 посети1.281 огласи објавени од повеќе 150 компании и 39.815 апликации, а овие бројки несомнено го посочуваат саемот како неизбежно место за средба на истакнати работодавачи и работобаратели и го прават најголем настан од ваков тип во регионот.

Кои компании од Македонија ќе бидат учесници на саемот?

Во периодот од 24 - 31 октомври ќе имате можност виртуелно да ги посетите штандовите на Алкалоид, ЛИДЛ, НЛБ Банка, Костал Македонија, Gerresheimer, Магна Мехатроникс, Кромберг и Шуберт, Реплек, Нептун Македонија, Микросам, Strabag, Мајорел, Вабтек МЗТ, ПроКредит Банка, Флекс Кредит, Дојран Стил, Линамар, Адиент Аутомотиве, Дрекселмајер, Аптив, Вебхелп, Градежен Институт Македонија, Маркарт Македонија, Лакталис, Agile Pro Solutions и други. Работници од Македонија ќе бараат и регионални компании, а дел од нив се Joorney, Philip Morris Services d.o.o. Beograd и Ingosoftware од Србија, Maistra Hospitality Group, GCCL (MALTA) RMD FLEET MGMT LTD, Metro, Konzum, Valamar и FraGround Fraport Ground GmbH од Хрватска, a од годинава за првпат на саемот имаме и работодавачи од Словенија, а станува збор за Univerzitetni klinični center Ljubljana.

Подгответе се да ја најдете вашата работа од соништата, со само еден клик!

Покрај квалитетната понуда на огласи за работа и добро познатите елементи преку кои можете да дознаете повеќе за компанијата, бенефициите кои ги нуди, искуствата на нивните вработени, можете и да ѕирнете во атмосферата на компанијата преку галерија и видео, и да разговарате директно со претставник од компанијата преку опцијата Chat и да дознаете повеќе за компаниите учесници преку рубриката „Настани“.

Ве потсетуваме и што треба да знаете за Најголемиот регионален саем за вработување:

Сега е време за нова (подобра) работа!
Пронајдете ја од 24-31 октомври на www.regionalensaemzavrabotuvanje.com

За дополнителни информации и резервација на штанд, посетете ја веб-страницата на саемот или контактирајте директно:

Каролина Апостоловска
+38977983837
karolina@vrabotuvanje.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje