Vrabotuvanje.com - Стјуардеса им понудила на патниците 3.500 долари за да го напуштат пребукираниот авион
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Стјуардеса им понудила на патниците 3.500 долари за да го напуштат пребукираниот авион

Стјуардеса им понудила на патниците 3.500 долари за да го напуштат пребукираниот авион

Стјуардеса им понудила на патниците 3.500 долари за да го напуштат пребукираниот авион. Вкупно 13 патници од авионот наводно добиле меѓу 2.000 и 4.000 долари и сместување во хотел ако го откажат летот. Видеото од стјуардесата за брзо се рашири низ социјалните мрежи.

Станува збор за лет на „Делта Ерлајнс“ од Бостон за Рим. Авиокомпанијата го пребукирала летот и во авионот имало премногу луѓе за да може да полета. Некој морал да излезе. Стјуардесата им понудила подарок ваучери на патниците, но кога видела дека тој подарок нема ефект, преминала на кеш пари.

„3.500 долари. Кој ќе ги прифати? Кој прв дојде, негови се“, рече таа.

Вкупно 13 патници од авионот добиле помеѓу 2.000-4.000 долари и хотелско сместување бидејќи се откажале од летот кој бил веќе пребукиран. Бројни корисници на социјалната мрежа се согласиле дека ваква понуда не се одбива.

„Зошто мене не ми се случуваат вакви ситуации? Би имала неколку илјади долари во џеб и хотелско сместување, а за утредента ќе се снајдам“, напишала една корисничка на социјалната мрежа.

Извор: Info.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje