Vrabotuvanje.com - На 15-октомври скопјани ќе имаат парно, а цената останува иста
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

На 15-октомври скопјани ќе имаат парно, а цената останува иста

На 15-октомври скопјани ќе имаат парно, а цената останува иста

На 15 октомври кога е стартот на грејната сезона, граѓаните на Скопје ќе имаат парно, а цената ќе биде иста се додека не се постави цевководот под мостот „Беласица“, од каде што ќе се добива поевтина топлинска енергија од когенеративната централа „Те-То“.

– Скопје ќе има парно греење, никогаш тоа не било доведено во прашање. Она на што инсистира РКЕ, е тоа да биде по далеку пониски трошоци и од тоа нема да отстапи. Скопје и со постојната инфраструктура што ја има со двете топлани без кој било цевковод може да се снабдува со топлинска енергија и ќе нема никаков проблем во однос на снабдувањето со топлинска енергија. Поентата е што е можно повеќе топлинска енергија да ни дојде од „Те-То“ за да ги намалиме трошоците на целокупниот систем – вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Извор: fokus.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje