Vrabotuvanje.com - Прогласена најдобрата туристичка атракција во Европа
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Прогласена најдобрата туристичка атракција во Европа

Кога помислувате на најдобра туристичка атракција во Европа, веројатно ви паѓаат на ум Стоунхенџ, римскиот Колосеум или Ајфеловата кула во Париз.

Прогласена најдобрата туристичка атракција во Европа

Сепак, на изненадување на многумина, една знаменитост ги надмина во трката за водечка туристичка атракција во Европа.

Според „Ворлд травел авордс“ – гала-свеченост која секоја година ги слави најдобрите во патувањата, туризмот и угостителството од 1993 година наваму – пивницата „Гинис“ во Даблин е најдобра туристичка атракција во Европа за 2023 година. Меѓу номинираните беа Бакингемската палата во Лондон, катедралата „Саграда фамилија“ (La Sagrada Familia) во Барселона и Акропол во Атина.

Објектот на најпознатиот производител на пиво во Ирска првпат ја освои наградата во 2015 година. Се наоѓа во самото срце на Даблин, град познат по својата богата историја и култура.

„Гинис сторхаус“ не е само местото каде што се произведува „гинис“ во последните 250 години, туку нуди поглед зад сцената на сложеноста на правењето и точењето на ова светски познато пиво.

Ова место ја раскажува приказната за најпознатото извозно пиво во Ирска, „гинис“, од неговите скромни почетоци во 1759 година до денес, а објектот не е само дом на „гинис“, туку и ги слави ирската култура, креативност и претприемаштво.

Се протега на седум ката и опкружува стаклен атриум во форма на Гинисова чаша. Има и киносала, каде што се прикажуваат стари реклами за „гинис“ и неодамна реновираниот „Гравити бар“, кој има прекрасен поглед на главниот град на Ирска.

Извор: makfax.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje