Vrabotuvanje.com - Маск на врвот, Безос го претекна Арно на листата на милијардери на Блумберг
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Маск на врвот, Безос го претекна Арно на листата на милијардери на Блумберг

Маск на врвот, Безос го претекна Арно на листата на милијардери на Блумберг

Основачот и главен извршен директор на компанијата LVMH, Бернард Арно, го загуби второто место на листата на милијардери на Блумберг, откако беше претекнат од претседателот на Амазон Џеф Безос. Прв на листата и натаму е американскиот милијардер Илон Маск.

Во моментов Безос е на второто место со 156 милијарди долари, додека Бернард Арно е трет на листата на милијардери на Блумберг со богатство од 155 милијарди долари, пренесува Блумберг.

Вредноста на имотот на Бернард Арно падна за 6,8 милијарди долари од средата кога LVMH соопшти дека нејзината продажба годинава се зголемувала побавно од очекуваното.

Падот на извршниот директор на LVMH на листата на милијардери на Блумберг ја одразува продажбата на луксузни стоки која е послаба во 2023 година поради падот на побарувачката во САД и тешкото економско закрепнување во Кина.

Спротивно на тоа, богатството на Џеф Безос порасна за 49,3 милијарди долари оваа година, бидејќи вредноста на акциите на Amazon се зголеми за 58 отсто во истиот период.

На чело на листата и натаму е американскиот милијардер и претприемач Илон Маск со имот вреден 234 милијарди долари. Акциите на Тесла пораснаа за 106 отсто оваа година, а Маск стана побогат за 96,8 милијарди долари.

Извор: makpress.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje