Vrabotuvanje.com - Контрола на пешаци низ Гостивар и Тетово: Ќе платат казни до 50 евра и ќе одат на сообраќајна поука
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Контрола на пешаци низ Гостивар и Тетово: Ќе платат казни до 50 евра и ќе одат на сообраќајна поука

Денеска (18 октомври) во периодот од 9 до 14 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоците што ги чинат пешаците во сообраќајот.

Контрола на пешаци низ Гостивар и Тетово: Ќе платат казни до 50 евра и ќе одат на сообраќајна поука

Притоа, биле констатирани и санкционирани вкупно 46 прекршоци (Тетово-31 и Гостивар -15), од кои најголемиот број се однесувале на преминување на коловозот надвор од обележаните пешачки премини. На пешаците-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и покани за нивно присуство на сообраќајна поука, извести полицијата со напомена дека паричните казни се движат од 20 до 50 евра.

При контролата, исто така, биле констатирани и санкционирани и 9 други видови сообраќајни прекршоци.

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до пешаците да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

На пешаците им се советува да не ги преминуваат улиците на недозволени места, а возачите да им даваат предност, односно секогаш да ги пропуштаат пешаците.

Извор: gostivarpress.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje