Vrabotuvanje.com - Финансиското друштво М Кеш - Пример за професионализам во Корпоративната Безбедност и Заштита на Личните Податоци
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Финансиското друштво М Кеш - Пример за професионализам во Корпоративната Безбедност и Заштита на Личните Податоци

Финансиското друштво М Кеш - Пример за професионализам во Корпоративната Безбедност и Заштита на Личните Податоци

На 20 октомври, во конференциската сала на Домот на АРМ, се одржа 10-та јубилејна меѓународна научна и стручна конференција организирана од Асоцијацијата за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови права. Овој настан, насловен како “Корпоративната безбедност – столб на безбедноста на деловниот свет“, собра еминентни стручњаци и водачи од индустријата, ставајќи фокус на современите безбедносни ризици и закани за деловниот свет.

Претседателот на Асоцијацијата, проф. Д-р Атанас Козарев, свечено ја отвори конференцијата, истакнувајќи го  значењето на адаптацијата и иновациите во борбата против корпоративниот криминалитет, сајбер безбедноста, индустриската шпијунажа, и други актуелни предизвици.

На настанот, финансиското друштво М Кеш беше прогласено за добитник на  наградата за најдобра компанија за имплементација на мерки од областа на корпоративната безбедност и заштита на личните податоци. Ова признание е одраз на нивната посветеност кон заштита и сигурност, како и нивниот иновативен пристап кон управувањето со ризици.

Наградата му беше врачена на Раководителот на одделот за корпоративна безбедност

г-дин Стефан Тошевски, кој искажа благодарност за дадената поддршка на Асоцијацијата,  и на Управителот на друштвото г-ѓа Бјанка Катру, на колегите од својот оддел Борис Николовски, Драган Стевановски, на Раководителот на правниот оддел Симона Илиевска, и на сите останати оддели од компанијата, кои даваат свој придонес во заштитата на личните податоци и корпоративната безбедност на друштвото.

Со иста мера на внимание и признание, беа наградени и други истакнати поединци и компании кои придонесуваат кон подобрување на корпоративната безбедност и управување. Меѓу нив, компанијата Божиновски, м-р Вера Велинов како успешна жена лидер во областа на корпоративното управување, и Г-дин Костадин Костадинов и д-р Митко Јанчев за нивните придонеси кон промоцијата на концептот за локална безбедност во општина Струмица.

Оваа конференција и наградите кои се доделуваат не само што ја истакнуваат важноста на корпоративната безбедност во современото деловно опкружување, туку и служат како поттик за компаниите и индивидуите да продолжат со своите напори во создавањето побезбедна и одржлива деловна клима.

Признанието на М Кеш е пример за сите оние кои се стремат кон професионализам во финансиската индустрија.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje