Vrabotuvanje.com - Купувањето дом станува луксуз за Британците - живеат со родителите или под кирија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Купувањето дом станува луксуз за Британците - живеат со родителите или под кирија

Повеќето луѓе кои бараат да купат куќа или стан во Обединетото Кралство мислат дека сопственоста на имотот е резервирана за елитата. Како резултат на тоа, младите Британци одлучуваат да живеат со своите родители или да изнајмат стан кога не можат да си дозволат да купат свој.

Купувањето дом станува луксуз за Британците - живеат со родителите или под кирија

Новиот извештај на Yorkshire Building Society (YBS) открива дека повеќе од 70% од луѓето кои сакаат да го купат својот прв имот веруваат дека многу малку Британци всушност поседуваат сопствен дом.

Банката на Англија ги одржува каматните стапки на историски највисоко ниво од 5,25%, а хипотеките се недостапни за многумина.

Пазарот за недвижнини во Обединетото Кралство забележа значително забавување во последниве месеци. Земјата се бори со зголемената инфлација, поради што финансиските средства со кои располагаат домаќинствата се сериозно ограничени.

Сè уште има многу кои и покрај тешкотиите не се откажале и се трудат сами да си купат дом, но мораат да се приспособат на многу начини, се вели во извештајот на YBS.

Скоро четири од пет (78%) купувачи што прв пат купуваат дом и речиси исто толку од оние што даваат под хипотека (73%) укажуваат на тоа дека сопственоста на дом станува елитна привилегија поради фактори како што се промената на приходите и зголемувањето на цените на куќите.

Извештајот покажа и дека просечната возраст на оние што го купуваат својот прв имот е 35 години.

Речиси сите анкетирани што за прв пат купиле недвижнина (94%) штеделе за депозит, за што во просек биле потребни 4 и пол години.

Извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje