Vrabotuvanje.com - Железничкиот сообраќај во прекин, машинскиот и извршен персонал бараат неисплатени патни трошоци
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Железничкиот сообраќај во прекин, машинскиот и извршен персонал бараат неисплатени патни трошоци

Железничкиот сообраќај во прекин, машинскиот и извршен персонал бараат неисплатени патни трошоци

Машинскиот и извршен персонал при Железници на РСМ Транспорт попладне во 16 часот стапи во бојкот со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец. Ова за Македонската информативна агенција (МИА) го потврди Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал и претседател на Синдикат на машиновозачи во железничкото претпријатие.

Димовски најави дека нема да сообраќаат и патничките и товарните возови, а првиот воз што нема да биде во сообраќај е со број 631 на релација Скопје-Гевгелија што тргнува во 16.55 часот.

„Информирано е раководството кое ветува дека од понеделник ќе бидат пуштени средствата, но, останува одлуката на машинскиот и извршниот персонал за бојкот“, вели Димовски.

Извор: slobodnaevropa.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje