Vrabotuvanje.com - ПРОГНОЗА: Какво време ќе имаме во новата работна недела?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ПРОГНОЗА: Какво време ќе имаме во новата работна недела?

Под влијание на серија на влажни и постудени воздушни маси од северозапад, во текот на новата седмица која што ни следува во Македонија ќе имаме многу променливо време.

ПРОГНОЗА: Какво време ќе имаме во новата работна недела?

Првиот и вториот ден од новата работна седмица (понеделник и вторник) ни носат постабилно и релативно суво време. Веќе нови врнежи од дожд, локално и обилни ќе имаме во среда попладне и во вечерните часови.

„Потоа во четврток повторно ќе имаме краткотрајна стабилизација на времето, а веќе во петок, како и за време на викендот ќе имаме нови врнежи од дожд, локално повторно тие ќе бидат обилни. За време на овие влажни бранови, локално не се исклучува можноста и за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, особено во среда попладне  и навечер, и повторно во петок, како и за време на викендот кога ќе бидеме под влијание на постуден воздушен бран од север. Мора да напоменеме дека на високите планини (околу и над 2.000 м.н.в ќе има врнежи од снег). Повремено снежната граница ќе се спушта и на планините од под 2.000 метри. Во Скопје и околината ќе имаме слично време. Наутро температурите речиси насекаде ќе се спуштаат под 10 степени, а понекаде и поид 5 степени, додека во Малешевијата, како и на високите места и на планините тие повремено ќе се спуштаат и за некој степен под нулата“, вели метеорологот Славчо Попоски. 

Првиот мраз за оваа сезона во Македонија и тоа на повеќе места го очекуваме за време на следниот викенд, како и во текот на следната седмица.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje