Vrabotuvanje.com - Објавена студија за најдолгиот мамурлак на светот: Траел неверојатно долго откако маж испил 60 кригли пиво
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Објавена студија за најдолгиот мамурлак на светот: Траел неверојатно долго откако маж испил 60 кригли пиво

37-годишен маж го имал најдолгиот познат мамурлак на светот, откако испил 60 кригли пиво.

Објавена студија за најдолгиот мамурлак на светот: Траел неверојатно долго откако маж испил 60 кригли пиво

Во научната студија објавена во „The Lancet“, опишан е случајот на 37-годишен маж кој отишол во болница во Шкотска жалејќи се на тапа главоболка и заматен вид. Неговите симптоми траеле еден месец, а тој не знаел што да прави. Лекарите работеле на откривање на причината, а откако отфрлиле повреда на главата и инфекција, а на мажот му бил направен КТ скен, тие се обиделе со спинална пункција на 'рбетот, која покажала притисок околу мозокот на пациентот.

Откако мажот открил дека неодамна бил на повеќедневно опивање, за време на кое испил приближно 60 кригли пиво, тестот на крвта открил дека можеби боледува од ретка автоимуна состојба наречена лупус антикоагулант, во која антителата „по грешка напаѓаат здрави клетки“. Бил повикан специјалист за очи да го провери видот на пациентот, идентификувајќи крварење на нервните влакна и отечена оптика.

Специјалистот утврдил дека симптомите на мажот се резултат на неговото пиење, односно дека тој едноставно испил премногу. Како резултат на тоа, човекот имал главоболка и заматен вид 4 недели, а му биле потребни цели 6 месеци за целосно да се ослободи од овие симптоми.

Извор: supermen.tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje