Vrabotuvanje.com - Одлична можност за професионална обука во странство! Лидл вработува повеќе кандидати
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Одлична можност за професионална обука во странство! Лидл вработува повеќе кандидати

Стани дел од големото Лидл семејство и започни да ја испишуваш твојата успешна кариерна приказна!

Одлична можност за професионална обука во странство! Лидл вработува повеќе кандидати

Лидл е најголемиот европски синџир за малопродажба на храна, присутен во 30 земји ширум светот, со 12.200 маркети и над 376.000 вработени. Заедно со Кауфланд е дел од групата SCHWARZ чие седиште се наоѓа во Некарсулм, Германија. Нивната успешна приказна започнува уште во 1973 година, со отворање на првата продавница, со само неколку вработени и 500 производи.

Оттогаш, Лидл со забрзано темпо се шири низ Европа и од септември 2021 година ги отвори вратите и кај нас и активно вработува кандидати на повеќе работни позиции.

Image Gallery Item_Conference Room

Сите оние кандидати кои би сакале да патуваат во странство и да се обучуваат од врвни професионалци од интернационалните тимови на Лидл во период од 18 - 24 месеци и притоа да добијат одлични бенефиции, како обезбедено сместување, службен автомобил и целосна поддршка во процесот на алокација, ги повикуваме да аплицираат за некоја од позициите Area Sales Manager (Trainee Program) и Supply Chain Specialist.

Во моментов Лидл вработува кандидати на уште 12 други работни позиции. Сите огласи можете да ги видите на ЛИНКОТ.

Станете и вие дел од нивниот тим и дознајте повеќе за компанијата на jobs.lidl.mk/mk!

 

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje