Vrabotuvanje.com - Дедомразовска трка низ улиците на Скопје на 24 декември
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Дедомразовска трка низ улиците на Скопје на 24 декември

И годинава, в недела на 24 декември скопјани ќе имаат можност да учествуваат во традиционалната новогодишна дедомразовска трка низ улиците на главниот град, облечени во костуми на Дедо Мраз.

Дедомразовска трка низ улиците на Скопје на 24 декември

Трката е во организација на „Прв до Врв“, а ќе започне во 12 часот. Трасата за трчање ќе биде во должина од два километри.

Пријавувањето за учество во овој предновогодишен настан завршува в петок на 22 декември или порано, доколку се потрошат деомразовските костуми.

Трчањето во дедомразовски костум е задолжително за сите учесници во трката. Во трката може да учествува секој без ограничување според возраст, а секое дете мора да биде придружувано од родител или старател.

Сите учесници се потенцијални добитници во лотаријата со подароци, а секое дете до 10 години (родено 2013 година и помало) добива новогодишно пакетче доколку се пријави до среда, 20 декември 2023 година (доколку пријавувањето биде затворено порано заради пополнување на предвидениот број на учесници).

Според програмата, издавањето на стратните броеви ќе биде од 10 до 12 часот, а од 12 до 13 часот е фитнес загревање и почетокот на трката, додека од 13 до 14 часот е прогласувањето на победниците и лотаријата.

Извор: republika.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje