Vrabotuvanje.com - Што се случува со вашето тело по само една непроспиена ноќ? Можеби сепак треба да ги почитуваме препораките за минимален сон
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Што се случува со вашето тело по само една непроспиена ноќ? Можеби сепак треба да ги почитуваме препораките за минимален сон

Иако спиењето во текот на ноќта е неопходно за човечкото тело да биде подготвено за секојдневно функционирање, на многу луѓе им се случило зад себе да имаат непроспиена ноќ. Но, иако една непроспиена ноќ не изгледа како ништо значајно, може да му наштети на вашето тело.

Што се случува со вашето тело по само една непроспиена ноќ? Можеби сепак треба да ги почитуваме препораките за минимален сон

Според препораките на здравствените организации, возрасните треба да спијат меѓу 7 и 9 часа навечер, а недостатокот на сон може да го зголеми ризикот од многу здравствени проблеми.

Сепак, според новите студии, само една непроспиена ноќ може да биде штетна за вашето тело.

Имено, кога ќе поминете повеќе од 18 часа без сон, крвниот притисок ќе почне да ви расте, а тоа го зголемува ризикот од срцев или мозочен удар. Покрај тоа, една непроспиена ноќ може значително да го намали нивото на тестостерон кај мажите.

Докторот Андреј Зинчук вели дека недостатокот на сон може да го оштети вашиот мозок и да влијае на тоа како комуницирате со луѓето и може да предизвика раздразливост, да го зголеми стресот и да ја намали концентрацијата.

Во спротивно, неквалитетниот сон го зголемува ризикот од дебелина и дијабетес, срцеви заболувања, губење на меморијата и други болести.

Според „Healthdirect“, недостатокот на сон може да го зголеми нивото на допамин во вашето тело. Иако ова звучи како добра вест бидејќи колку подолго останувате будни, толку подобро ќе ви биде расположението, лекарите советуваат воопшто да не го правите тоа. Тие попрво препорачуваат слободното време да го искористите за прошетка или некој друг вид физичка активност.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje