Vrabotuvanje.com - Поплава од вработувања во државниот и јавниот сектор
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Поплава од вработувања во државниот и јавниот сектор

Во последниов месец се случува вистинска поплава од вработувања во државата и јавната администрација. Најнов таков оглас е оној што го има објавено државната ЕСМ каде е предвидено да се вработат над 500 лица.

Поплава од вработувања во државниот и јавниот сектор

Сите овие огласи се распишуваат сега на речиси 1 месец пред формирањето на техничката влада за која познато е дека во тој период се стопира секое вработување во државната и јавната администрација. Но ЕСМ е само еден пример од огласите што излегоа во последниов период.

Доволно ќе биде да се отиде на сајтот на сајтот на  Агенција за администрација каде има огласи за стотици нови вработувања. Речиси и да нема министерство каде нема оглас за работни места.

Но она што е симптоматично е што ЕСМ како компанија која беше директно погодена од енергетската криза и која на неколку пати примаше помош од Владата да опстои како компанија вработува волкав енормен број на луѓе.

Инаку Македонија речиси во секој извештај на ЕУ се споменува партизираноста на јавната администрација и вработувањата пред избори. Се најавуваат реформи и стопирање на партиските вработувања ама тоа до сега се нема се случено.

Извор: skopjeinfo.mk
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje