Vrabotuvanje.com - Не би ги препознале: Каде се денес и како изгледаат крадците од култниот божиќен филм „Сам дома“?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Не би ги препознале: Каде се денес и како изгледаат крадците од култниот божиќен филм „Сам дома“?

Главниот лик во филмот е Кевин МекКалистер, а многумина се сеќаваат на крадците од филмот кои го добија прекарот „Влажни бандити“. Крадците Марв и Хари ги глумеа Даниел Стерн и Џо Пеши, а многумина денес не би ги препознале.

Не би ги препознале: Каде се денес и како изгледаат крадците од култниот божиќен филм „Сам дома“?

Во филмот „Сам дома“, крадците Марв и Хари беа жртви на стапиците на Кевин кои често оставаа последици по нивните тела. Даниел извесно време размислувал за повредите кои ги заработил на сетот, а кои не биле само филмска магија и шминка.

„Беше како да игравме некој спорт. Не се повредуваш затоа што се забавуваш. Добив силен удар во носот и си го раскрварив кога морав да ја протнам главата низ вратата за кучето. Морав и да ја извадам брзо, но се заглавив со мојот голем нос“, се сеќава тој.

Сними уште неколку филмови, но сите беа помалку успешни од иконскиот „Home Alone“. Некои од подобрите во кои глумеше се „City Slickers“ (1 и 2) и „Rookie of the Year“. Покрај актерството, Стерн се занимава и со режија, а во 2009 година ја доби наградата Call to Service од поранешниот американски претседател Барак Обама.

По улогата во „Сам дома“, Џо Пеши постигна многу поголем успех од неговиот колега бандит. Глумеше во бројни филмови како „Goodfellas“, „My Cousin Vinny“, „Casino“, „Lethal Weapon“ (3 и 4), „Gone Fishin‘“ и „The Irishman“.

 

Џо повторно го видовме во серијата „Bupkis“ од оваа година, во која глумеше со комичарот Пит Дејвидсон и Еди Фалко, најпозната по улогата на Кармела во серијата „The Sopranos“. Ова беше прв пат за Џо на големото платно по 30 години. Неговото богатство се проценува на околу 50 милиони долари.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje