Vrabotuvanje.com - Струјата во Косово и Босна и Херцеговина најевтина во регионот, најскапа во Македонија и Албанија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Струјата во Косово и Босна и Херцеговина најевтина во регионот, најскапа во Македонија и Албанија

Струјата во Косово и Босна и Херцеговина најевтина во регионот, најскапа во Македонија и Албанија

Струјата што ја плаќаат домаќинствата во Босна и Херцеговина е една од најевтините во регионот, но и во цела Европа, покажуваат податоците на Евростат.

Според оваа агенција, во првата половина на 2023 година најевтина струја во регионот имало во Косово, каде домаќинствата плаќале 0,067 евра за киловат час. Во Турција цената беше 0,084 евра за еден киловат час, во Босна и Херцеговина 0,087 евра, во Србија 0,096 евра, а во Црна Гора 0,096 евра.

Најскапа струја имало во Македонија, каде за 100 киловатчасови била 10,5 евра, а во Албанија нешто помалку, 10,1 евро.

Во Македонија во тек е јавниот повик на Владата за избор на универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи за следните пет години.

Досега учество на аукцијата најавија австриската компанија ЕВН Хоум, грчката ЕДС и уште неколку компании.

извор: denar.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje