Vrabotuvanje.com - Важна информација за сите кои треба да патуваат во Германија!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Важна информација за сите кои треба да патуваат во Германија!

Стотици летови на аеродромот во Франкфурт во Германија се откажани денеска, еден ден откако поради зимска бура накратко беа прекинати полетувањата и слетувањата.

Важна информација за сите кои треба да патуваат во Германија!

Повеќе од 300 од околу 1.000 планирани летови за денеска на аеродромот во Франкфурт се откажани, изјави портпаролката на аеродромскиот оператор Фрапорт.

Авиони полетуваат и слетуваат на аеродромот, но воздушниот сообраќај сè уште се опоравува по невремето што донесе мраз, замрзнат дожд и снег во поголемиот дел од западна и јужна Германија.

Не е јасно дали дополнителни летови може да бидат откажани денеска. Портпаролката на аеродромот ги повика патниците да го проверат статусот на нивните летови на интернет пред да отпатуваат на аеродромот.

Аеродромот во Франкфурт е најголемиот и најважен авијациски центар во Германија и е меѓу најпрометните аеродроми во Европа.

Извор: kurir.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje