Vrabotuvanje.com - Во овој станбен блок во Кина живеат 20 илјади луѓе: Глетката е нереална
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Во овој станбен блок во Кина живеат 20 илјади луѓе: Глетката е нереална

Околу 20 илјади луѓе моментално живеат во комплексот „Regent International Residential“, огромна зграда во градот „Qianjiang Century“ во деловната област Хангжу, Кина. Имено, со оглед на тоа што внатре во зградата можат да ги најдат сите нешта кои им се потребни, жителите на овој комплекс навистина немаат потреба да излегуваат надвор доколку не сакаат.

Во овој станбен блок во Кина живеат 20 илјади луѓе: Глетката е нереална

Зградата, која првично била дизајнирана како луксузен хотел, се простира на 260 квадратни метри, висока е 206 метри и се состои од 39 ката, што ја прави една од најголемите згради во Кина, па не е ни чудо што стана вирална на ТикТок.

 

Мал град

Комплексот може да прими до 30.000 станари, но 20.000 од нив моментално веќе живеат таму. Овој мал град вклучува многу објекти, како што се ресторани, берберници, салони за маникир, супермаркети, базени и кафулиња.

 

 

Зградата ја дизајнираше Алиша Лу, која го дизајнираше и хотелот „Singapore Sands Hotel“ со седум ѕвезди. „Regent International“ требаше да биде хотел со шест ѕвезди, но е претворен во комплекс од луксузни апартмани, популарни кај студенти, дипломци и млади професионалци.

Инаку, киријата на помалите станови без прозорци обично чини околу 195 евра месечно, додека поголемите станови со балкони околу 520 евра месечно.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje