Vrabotuvanje.com - Европска авиокомпанија ќе ги мери и патниците пред качување во авион
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Европска авиокомпанија ќе ги мери и патниците пред качување во авион

Сите знаеме како се мери багажот пред качување во авион и на сите ни е познато како изгледа кога мора да извадиме нешто од багажот за да може да ги исполни стандардите за тежина и димензии. Но, сега некои храбри патници на една скандинавска компанија сакаат сами да ја измерат својата тежина пред да влезат во авион.

Европска авиокомпанија ќе ги мери и патниците пред качување во авион

Имено, финскиот национален авиопревозник Finnair неодамна најави дека ќе стартува тримесечна студија на аеродромот во Хелсинки, каде што патниците доброволно ќе можат да си ја измерат тежината пред да се качат во авион.

Според соопштението на компанијата, Finnair ќе ги собирс податоците од доброволнто мерење на патниците и нивниот багаж на портите на аеродроот. Мерењето ќе биде доброволно и анонимно, а податоците ќе се користат за оптимизација на моменталната состојба на авионите и за буџетот на Finnair.

Акциите на Finnair пораснаа за 2,3% во четвртокот, што укажува на тоа дека инвеститорите ја поддржуваат новата политика на компанијата како нешто позитивно, што ќе и помогне на компанијата да заштеди на трошоци.

Од почетокот на студијата во Хелсинки во понеделникот компанијата веќе има над 600 доброволци.

Извор: inovativnost.mk

 
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje