Vrabotuvanje.com - Направете сами средство за бришење прашина: Измешајте ги овие состојки
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Направете сами средство за бришење прашина: Измешајте ги овие состојки

Направете сами средство за бришење прашина: Измешајте ги овие состојки

Бришењето прашина во домот за многумина е предизвик бидејќи одзема многу време и енергија. Токму затоа е важно редовното чистење на домот.

За детално да ја избришете прашината, најпрвин мора да ги отстраните сите предмети од полиците, па да го пребришете секој предмет одделно и да го вратите на место.

Малку заморно, нели? Можеби и не толку колку што е моментот кога ќе погледнете како на штотуку пребришаната површина повторно има насобрано прашина.

За среќа, постои решение за ова, спреј кој може да го направите дома.

Потребни состојки:

  • половина лажичка маслиново масло
  • половина кафена шолја вода
  • неколку капки детергент за миење садови
  • 1 лажичка алкохолен оцет
  • 10 капки етерично масло од лимон

Во сад ставете ги сите состојки и добро измешајте ги. Течноста што ќе ја добиете префрлете ја во сад со распрскувач. Спрејот испрскајте го на чиста крпа од микрофибер и пребришете ја саканата површина.

Благодарение на ова домашно средство за чистење поретко ќе бришете прашина и подолго ќе уживате во чистотата на вашиот дом.

извор: popara.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje