Vrabotuvanje.com - Нов проблем: 400% поскапи трошоци за пратките од Азија до Европа
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Нов проблем: 400% поскапи трошоци за пратките од Азија до Европа

Нов проблем: 400% поскапи трошоци за пратките од Азија до Европа

Трошоците за транспорт на стоки од Азија во Европа се зголемени за 400 отсто поради нападот во Црвеното Море, објави европскиот економски комесар Паоло Џентилони.

Поради нападот, времето за испорака на стоката од Азија во Европа е продолжено за десет до 15 дена, додаде Џентилони.

Тој очекува дека гореспоменатите покачувања на транспортните цени ќе извршат одреден притисок врз инфлацијата во Европската унија.

„Јасно е дека понатамошните нарушувања може да предизвикаат нови тесни грла во снабдувањето што ќе го намалат производството и ќе ги зголемат цените“, рече Џентилони.

Тој додаде дека се уште има услови за економско закрепнување во ЕУ и во еврозоната и оти цените на енергенсите се многу пониски од претходно.

извор: vesnik.com

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje