Vrabotuvanje.com - Позитива на денот: Предвреме родените близначиња Марија и Василиј си заминаа од Гинекологија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Позитива на денот: Предвреме родените близначиња Марија и Василиј си заминаа од Гинекологија

Позитива на денот: Предвреме родените близначиња Марија и Василиј си заминаа од Гинекологија

Клиниката за гинекологија и акушерство утрово информираше дека продолжуваат среќните приказни од нивното одделение за интензивна нега и терапија на новородени деца.

Пред неколку дена предвремено родените бебиња – близначињата Марија и Василиј си заминале дома како здрави бебиња. Родени биле е во 27 гестациска недела, Василиј со родилна тежина од 900 грама, а Марија со 940 грама.

- По 72 дена престој на ОИН, каде секојдневно ја добиваа медицинската нега и безграничната љубов од педијатрите, медицинските сестри и од целиот персонал на ОИНТ, Василиј го испративме дома со 2000 грама, а Марија со 2250 грама. На малите борци близначиња им посакуваме многу здравје, безгрижно детство и само радости да им носат на своите родители, стои во објавата на скопска Гинекологија.

извор: sitel.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje