Vrabotuvanje.com - Пред колапс една од најголемите светски автомобилски индустрии – им ја исклучиле струјата, производството запрело...
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Пред колапс една од најголемите светски автомобилски индустрии – им ја исклучиле струјата, производството запрело...

Нападот кој во фабриката на „Tesla“ кај Берлин го прекинал напојувањето со струја и на неколку дена го сопрел производството на автомобили, укажува на закана на домашната автомобилска индустрија, вели експертот Штефан Брацел.

Пред колапс една од најголемите светски автомобилски индустрии – им ја исклучиле струјата, производството запрело...

Освен прекинот со електродистрибутивната мрежа, што ја погодил „Tesla“, постојат и други начини за нарушување на производството, изјавил во средата Брацел, шеф на Центарот за менаџмент во автоиндустријата (CAM).

Големите произведувачи, како „Volkswagen“ би можеле да се заштитат од таквите напади доколку сами, во сопствениот круг на фабриката почнат да произведуваат струја, продолжил експертот.

„Доколку некој дел стане недостапен, производството запира“, укажал Брацел додавајќи дека производството зависи и од безбедноста на ИТ системот на самата фабрика.

„Државата мода да го задржи криминалот под контрола инаку инвеститорите би можеле да се запрашаат колку нивното вложување во Германија е сигурно“, додал тој.

Имено, инцидентот кај берлинскиот погон на „Tesla“, американскиот автомобилски гигант, привлекол меѓународно внимание и го „еродирал имиџот на Германија како локација за вложување“.

Извор: supermen.tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje