Vrabotuvanje.com - „ЗАМИСЛИ ДА РАБОТИШ ЦЕЛ МЕСЕЦ, А ИМАШ ПАРИ САМО ЗА ПУКАНКИ“: Стефан ги посочи најниско платените работни места, некои не ја достигнуваат ни минималната плата
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

„ЗАМИСЛИ ДА РАБОТИШ ЦЕЛ МЕСЕЦ, А ИМАШ ПАРИ САМО ЗА ПУКАНКИ“: Стефан ги посочи најниско платените работни места, некои не ја достигнуваат ни минималната плата

„ЗАМИСЛИ ДА РАБОТИШ ЦЕЛ МЕСЕЦ, А ИМАШ ПАРИ САМО ЗА ПУКАНКИ“: Стефан ги посочи најниско платените работни места, некои не ја достигнуваат ни минималната плата

Многумина од Балканот се борат да најдат работа со повисоки примања, да заминат во странство и да изградат нов живот далеку од својата татковина. Сепак, има и такви кои одлучуваат да останат во своите татковини и да работат за минимална плата.

Таков е случајот со Стефан кој одлучил да остане да работи во Србија за минимална месечна плата, која е само 40.000 динари, односно, 20.000 денари.

- Замислете дека работите еден месец, а имате пари само за пуканки. Ова се трите најниско платени работни места во Србија, а нивната заработка е запрепастувачка - вели Стефан во своето видео на TikTok.

Како што посочува, на трето место се продавачите во продавниците, секојдневно не опслужуваат за само 45.000 динари месечно (22.500 денари)

Второто најслабо платено работно место е телефонскиот оператор. Тие секојдневно ги слушаат поплаките и проблемите на луѓето за само 43.000 динари (21.500 денари).

- За жал, чистачите на улици се на прво место. Овие вистински борци против нечистотијата и загадувањето заработуваат само 40.000 динари (20.000 денари)  месечно - заклучува Стефан.

извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje